Ролани пици
Состојки
- 500-600гр брашно
- 200мл вода
- 50мл зејтин
- 2лажици шеќер
- 1лажица сол
- 1свеж квасец
- 250гр салама
- 250гр сирење или кашкавал
- 1чаша кечап
- 1лажица оригано
- 100мл зејтин или стопен маргарин
Подготовка
Се замесува тесто со стасаниот квасец и се остава да одмори. Во меѓувреме се подготвува филот-се ренда саламата и сирењето на покрупно ренде. Во чашата со кечапот се става 2-3 лажици од зејтинот така тестото ќе стане помеко.
Стасаното тесто се расукува во правоаголна форма и се премачкува со кечапот. Се реди саламата, ориганото и одозгора сирење. Се ролаат ролати од двете страни и на средина се сечат и затвораат. Секој ролат се сече на парчиња од околку 2-3см и се става во подмачкан плех свртени со филот одозгора. Се оставаат да стасаат и одозгора се премачкуваат со кечап, па се печат околу 30мин. Многу се меки и вкусни за јадење, а и доста издашни. Од оваа доза се полни големиот плех од шпорет.