Лазањи од тиквици
Состојки
- 3 млади тиквици ( излупени и исечени на тркалца )
- 2 јајца
- 100 грама брашно
- 300 грама димена сланина
- 300 грама ајдамер ( може и друг кашкавал )
- 200 мил. кисела павлака
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче црн бибер
Подготовка
Тиквиците посолете ги и ставете врз цедалка 30-тина минути да се изцедат. Потоа со кујнска крпа избришете ги, извалкајте ги во брашно и пржете ги во масло. Пржените тиквици ставете ги на кујнска хартија да се изцедат од вишокот маснотија. Наредете ги во тава за печење, побиберете и посолете малку и наредете еден ред сланина, па еден ред ајдамер. Оваа постапка повторете ја додека имате од состојките. Јајцата изматете ги со павлаката. Оваа смеса ставете ја одозгора и печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Пред да сервирате почекајте да се олади.
Пријатен ручек!