Испечати

Топени полжавчиња

Топени полжавчиња

Состојки

  • 2 шољи(100мл) млака вода
  • 3 шољи масло
  • пола квашче
  • 3 шољи гриз
  • 6 шољи брашно
  • малку сол
  • 1 ванила
  • 2 лаж какао
  • за шербет
  • 600гр шекер
  • 500мл вода

Подготовка

Во длабок сад ја ставаме млаката вода, маслото, сол, ванилата и квасецот го раствараме во течноста. Потоа го додаваме гризот и брашното и замесуваме тесто кое го делиме на два дела. Во едниот го додаваме какаото и го умесуваме да се соедини со какаото. На работната маса ги развлекуваме двете теста по малку, па ги ставаме едно врз друго и развлекуваме првоаглеста кора која ја мотаме во ролат. Ролатот го сечеме на парчиња со дебелина 1 см. Секое парче малку го плескаме одозгора со раце да добие убава форма што ја изгубиле сечејки ги. Ги редиме во плек подмачкан со масло и оставаме да отстојат околу 20 мин и тогаш ја вклучуваме рерната. Кога ќе се загрее рерната ги печеме. Готовите и оладени колачи ги ставаме во топол шербет да впијат од шербетот.