Слатки со пиво
Состојки
- 2 шоли масло
- 500 гр брашно
- 1 пециво
- 2 шоли пиво
- 1 лимон
- 300 гр шеќер
- 500 мл вода
- 100 гр. кокос
Подготовка
Маслото, брашното, пецивото, пивото, изрендан лимон се замесуваат во тесто. Од тестото се прави кора и се вадат форми. Се печат во релна 10 мин.
Шеќерот и водата се стават на оган да зовриат за да се добие шербет. Откако ќе оладат слатките со врелиот шербет се полеват одозгора и се остават така да впијат од шербетот околку 15 мин. Потоа слатките се превртуваат во кокос.