Испечати

Слатки сочни мафини

Слатки сочни мафини

Состојки

  • тесто
  • 2 јајца
  • 300 гр шекер
  • 180 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 200 гр брашно
  • 2 ванили
  • 1 пециво
  • шербет
  • 500 гр шекер
  • 500 гр вода
  • 30 гр рум
  • 3 лаж мармалад од кајсии
  • за украсување
  • 1 шлаг

Подготовка

Рецептот за слаткиве мафини си го најдов на страната на МињаБ, интересен, брз, нешто му доаѓа како раванија.
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додаваат јогуртот и маслото, па на крај брашното и пецивото. Се истура смесата во калапи за мафини и се печат на 200 околу 20 минути.в
Во меѓувреме се вари шербетот, се стават шеќерот и водата да зовријат, па се остава да повари уште 5 минути. Мафините се редат во сад и се прелеват со топол шербет. 5 лажици шербет се стават на страна и во нив се додава мармаладот и румо, па се мешаат да се соединат. Со овој прелив се премачкуваат мафините. Кога ќе се изладат убаво одозгора се украсуваат со шлаг и јас си ставив по едно срценце од локум да ми бидат полични.
Мафиниве се за љубители на шербетлии колачи и да напоменам дека се многууу благи