Испечати

Видео рецепт: Печени Мексикански фахити

Видео рецепт: Печени Мексикански фахити

Состојки

    Ова е класичен Мексикански рецепт кој можете со уживање да го направите и споделите со целото семејство. Во денешно време е популарно купувањето на однапред подготвена смеса зачини за фахити од продавница, но овде ќе Ви покажеме како да ја направите сами.

    Состојки

    • 6-8 Тортиљи
    • 2 супени лажици кисела павлака
    • 2 парчиња пилешки гради
    • По една зелена, црвена и жолта пиперка
    • 1 главица црвен кромид
    • 75 грама жолто сирење (кашкавал)

    За зачинот ќе ви треба:

    • 3 супени лажици нишесте
    • 1 супена лажица црвен пипер
    • 1 супена лажица шеќер
    • 1 супена лажица буковец
    • сол и бибер
    • маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: За да ја направите смесата за фахити земете длабок сад и во него ставете 3 супени лажици нишесте. 1 супена лажица црвен пипер. 1 супена лажица шеќер и 1 супена лажица буковец. По избор ставете сол и бибер по вкус.

    Чекор 2: Време е за сецкање: Исечкајте го црвениот кромид на крукчиња. Следни земете ги пиперките. Извадете ги рачките и исчистете го семето. Исечете ги на долги ленти. Овде обликот е важен за да можеме правилно да ја наполниме тортиљата.

    На крај исечејте го пилешкото на тенки ленти.

    Чекор 3: Загрејте ја големата Делимано тава за пржење со масло и во неа ставете ги пиперките и црвениот кромид. Овој рецепт има навистина силни бои и убав изглед. Пропржете го зеленчукот додека да омекне и да ослободи малку сокови во тавата. Потоа направете место за пилешкото и запржете го од сите страни за да го задржи вкусот. А сега зачинот. Ставете го врз состојките и продолжете да мешате. Можеби би требало да го намалите огнот за да не се лепат состојките. Нишестето му дава густина на сосот. Ставете и една шолја вода за да се ослободат вкусовите од дното на тавата и за да добиете поредок сос кој ќе го крчкаме.

    Чекор 4: Земете ги тортиљите во рака една по една. Наполнете ги со смесата за фахити, завиткајте ги и ставете ги во Делимано тавата за рерна. Повторете го процесот додека да направите 3 до 4 по човек.

    Чекор 5: Изрендајте жолто сирење врз завитканите фахити кое релативно брзо ќе се стопи и ќе добие боја, а потоа ставете ја тавата во рерната под жешката решетка неколку минути додека сирењето (кажкавалот) да се стопи, да почне да добива боја и да станува крцкаво.

    Чекор 6: Сервирајте на чинија со полна лажица кисела павлака како прилог!

    СОВЕТ: Кога е во прашање зачинот, слободно можете да експериментирате со односот на состојките. А зошто да не ставите други зачини, свеж сок од зелен лимон, или едноставно да го направите уште по лут! Фахитите се фантастичен повод за пријателите и семејството да се соберат на маса и да уживаат во јадењето и времето минато заедно.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер
    Тава за пржењеРостер