Свинско на Каталонски начин
Состојки
- 4 средна големина свински кременадли
- 250 гр печурки Рујница од тегла
- 250 гр свежи шампињони
- 300 мл бело вино
- 2 лажици семф
- 2 лажици доматен сос
- 2 чешниња лук
- 1/2 китка свеж магдонос
- по потреба масло, бибер, био зачин, сол
Подготовка
Во Делимано вок тавата ставаме масло и ја ги ставаме кременадлите зачинети да се пржат. Откако убаво ќе поруменат од двете страни додаваме 200 мл бело вино, две лажици сенф, 2 лажици сос, ја поклопуваме тавата со капак и оставаме месото да се динста на тивок огин уште 30 минути. Убаво омекнатото месо го вадиме од течноста. Го додаваме остатокот од виното, сечканото лукче, оставаме малку да се пржи и ги додаваме целите печурки рујници и на пола сечените свежи шампињони. Ги пржиме околу 15 минути. Го додаваме сечканиот магдонос, наросуваме бибер и повторно го враќаме месото во тавата. Ја поклопуваме повторно тавата со капак и оставаме уште 5 минути на тивок огин. Се сервира по желба самостојно или во прилог со компир или ориз. Добар Апетит.
П. С. Рујница печурката случајно ја најдов во еден од поголемите маркети маринирана во масло и сол. Сигурно е нов македонски производ но навистина многу ми се допадна вкусот. Малку е солена па пожелно е предходно да се измие со топла вода доколку не сакате многу солен вкус. Сигурно одлично се вклопува и со дивеч. Тоа ќе го пробаме во некоја наредна прилика. Поздрав!