Испечати

Салата куркумина

Салата куркумина

Состојки

  • 500 гр несолена урда
  • 80 гр сусам
  • 150 милилитри мајонез
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажиче сол

Подготовка

Сусамот го пропржуваме да добие румена боја.
Потоа ги соединуваме сите состојки и солиме по вкус.

Пробајте ја оваа фантастично вкусна салата, по предлог на една моја мила колешка, а во моја изведба.
Уживајте!

На крај малку инфо за зачинот куркума.
Куркума е зачин кој доаѓа од коренот на растението Куркума Лонга, кое најдобро успева во Индија и на Карипските Острови. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи.
Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и низа витамини - Б6, Б3, фолна киселина, како и минерали (калиум, железо, манган) и прехранбени влакна.
Неговото силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство го прави делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања.
Имајте си убав ден.