Панга во сос од павлака
Состојки
- 1кг филети од панга
- 5лажици бело брашно
- 3лажици пченкарно брашно
- 1/2лажичка сол и црн бибер
- сос од павлака
- 300гр маринирани шампињони
- 400гр кисела павлака
- 1главица ситно сецкан кромид
- 3 ловорови листови
- 1лажица брашно
- 1лажица свеж рузмарин,сол и бибер по вкус
Подготовка
Рибата се сече по желба и се валка во брашното(измешани двата вида брашно и посолени). На загреан зејтин убаво се пржи од двете страни и се остава на хартиена салфетка да се впие вишокот на мрснотија.
Сос
Кромидот се сецка ситно и се пржи на 2-3 лажици зејтин. Одкако добро ќе се испржи се додаваат печурките и ловоровиот лист. Со постојано мешање се пржи целата смеса околу 7-8 минути. Се додава брашното и се пржи околу една минута, а потоа се налева павлаката. Убаво се меша, се зачинува по вкус и на крај се додава рузмаринот. Се остава да врие околу 2 минути и се трга да се олади. Овој сос се служи и топол и ладен и пригоден е за секоја риба, а може да се користи и со месо.