Потпечен карфиол со мелено месо
Состојки
- 350 гр мелено месо
- 1 мала главица карфиол
- 1 среден компир
- 2 парчиња морков
- 2 лажици сомелени ореви
- 2 чешниња лук
- 4 лажици презла
- 1 главица кромид
- 2 јајца
- 150 мл млеко
- 2 лажици павлака
- сол.бибер куркума
- 2 домати
- 100 гр изрендан кашкавал
- пола китка магдонос
Подготовка
Во посебен сад обарете го карфиолот и кога е готов ставете го во ладна вода и оставете го на страна. Во тава ставете да се пржи кромидот, потоа додадете го месото и убаво пропржете. Додадете го ренданиот морков, ренданиот компир и продолжете да пржите. Сега додадете го сецканиот магдонос, солта,куркумата биберот, лукчето сецкано, мелените ореви, презлата, се добро промешајте и тргнете го на страна.
Во огноотпорна тава ставете го обарениот карфиол, а врз него истурете го филот со мелено месо. Посипете со фил од двете јајца, млекото и павлаката. Сега посолете со рендан кашкавал и одозгора наредете со сецкан домат. Вака спремната тава ставете да се пече на 220 С додека не поцрвени кашкавалот и доматите да фатат коричка.
Можете да послужите со салата од кисела краставица и зелка.
Добар апетит