Испечати

Чоколадна торта со мармалад

Чоколадна торта со мармалад

Состојки

  • 2 јајца
  • 13 лажици шеќер
  • 13 лажици млеко
  • 15 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 лажица какао
  • 400 мл. слатка павлака за јадење
  • 200 гр. чоколадо
  • 1 лажица рум за вкус

Подготовка

1. 2 јајца се матат со 13 лажици шеќер и 1 ванила. Потоа се додаваат 13 лажици млеко. Се ислучува миксерот и се додаваат 15 лажици брашно помешано со 1 пециво и 1 лажица какао. Се пече во подмачкано тавче бр. 26

2. Откако ќе се испече тестото се остава малку да се излади и се премачкува со мармалад од кајсии ( ако немате таков намачкајте го тестото со мармалад по ваша желба).

3. Хоплата се мати со миксер скоро пред згустнување. Чоколадото се топи и се додава на хоплата и се продолжува со матење со жица за матење. Откако ќе се соедини се остава филот во фрижидер да одстои некое време додека тестото не биде сосема ладно.

4. Се вади тестото од калапот, се става на подлога за торта и се враќа обрачот од калапот. Се премачкува со филот и се остава да одстои една вечер за убаво се стврдне филот.

5. Се декорира по желба.