Туршијасти габи
Состојки
- За основата
- по ваш избор колку имате габи наберено или купено, толку
- по неколку броја морков, зелена и црвена пиперка, лук, целер, магданос, бибер во зрна
- Маринада
- 1 чаша оцет
- 10 гр. сол
- 1 л. вода
Подготовка
ПРИРПЕМА
1. Измијте ги добро габите.
2. Исечете на траки морковот и пиперките, а целеровите листови и магданосот здробете ги.
2. Во тенџере ставете ја водата, оцетот и солта, ставете на оган и да проврие..
3. Додадете ги измиените габи и нека се варат 10 мин. Извадете ги габите, те со решеткаста лажица и исцедете ги. Измешајте во нив сецканите моркови и пиперки заедно со целерот и лукот.
4. Полнете ги теглите, а потоа на секоја тегла додадете по 2 помали лажици оцет и по една лажичка сол. Залејте ги со зејтин и затворете ги теглите, превртете ги наопачки и оставете да се добро вакумират капаците.
НАПОМЕНА
Се надевам дека ме разбравте. Значи на 1 литар вода ќе ставите 1 чаша од 200 мл. оцет, а на 1 л. вода се става 10 гр. сол. Габите или печурките се уште се топли кога ги полните теглите и затоа велам превртете ги наопачки, само заради вакумирањето на теглите.
Јас кога ке наберам ја правам оваа салата, не си играм со куповни - скапи ми се за дасе луксузирам со оваква салата. Мешавина од габи - шампињон, срндак, јајчарка... што ке најдам од габа нормално неотровна... тоа ке ставам за зимница.
Ако нешто не е јасно, овде ке ме најдете сигурно.
Лек и убав ден да си имате!