Видео рецепт: Модри патлиџани со пармезан
Состојки
Ова е Италијански класичен рецепт кој потекнува од северниот дел на Италија и е исклучително едноставен за подготовка – пржени модри патлиџани покриени со доматен сос и пармезан печени во рерна. Белисимо!
Состојки
- 3 големи модри патлиџани
- 50 грама пармезан
- 1 литар доматен сос
- 3 чешниња лук
- Босилек за гарнир
- Сол и бибер
- Маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано грил тава и Делимано тава за рерна.
Подготовка
Чекор 1: Земете 3 големи модри патлиџани и по должина исечете ги на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. А прво отсечете ги краевите.
Чекор 2: Следно, ставете ги сите парчиња во тава и покријте ги со маслиново масло, сол и бибер. Модрите патлиџани се како сунѓер и можат да впијат неверојатна количина течност, но покријте ги доволно за подоцна да можат да се пржат и да добијат боја.
Чекор 3: Загрејте ја грил тавата на висока температура – во неа ставете 3 или 4 парчиња и пржете ги додека да омекнат и да добијат убава боја. Ваквата подготовка на модрите патлиџани пред да ги ставиме во рерна енормно го подобрува вкусот на готовото јадење и му дава прекрасна боја и текстура. Потребно е доста време за да се испржат 3 цели модри патлиџани. За тоа да го направите правилно ќе Ви требаат околу 30 минути.
Чекор 4: Ставете неколку истолчени чешниња лук да се загреваат во тава со масло и дозволете му на маслото да го поприми вкусот на лукот – потоа ставете го доматниот сос и оставете ги да крчкаат на тивок оган неколку минути и на крај извадете ги чешнињата лук.
Чекор 5: Земете ја Делимано тавата за рерна и време е да го редиме рецептот – на дното од тавата наредете ги парчињата модар патлиџан… Врз нив ставете обилна количина рендан пармезан или пекорино – повторете ја постапката уште еднаш. А потоа уште еднаш и прелијте со доматниот сос, а на крај ставете уште еден слој пармезан за рецептот да биде екстравагантeн и да добие убава кора од сирење.
Печете во рерна на температура од 160 степени 30 минути.
Чекор 6: Кога ќе го извадите јадењето од рерна, оставете го кратко да отстои и сервирајте го со леб со убава корка и исечкан свеж босилек како гарнир!
СОВЕТ: Убавината на овој рецет е во тоа што има силен вкус, но многу е здрав и содржи малку јаглени хидрати што значи дека можете да изедете голема порција, а потоа да не бидете поспани – овде лебот е одличен прилог или можете врз јадењето да ставите презла пред печењето!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава ; Ростер