Испечати

ГРИЗ АЛВА СО ЧОКОЛАДО

ГРИЗ АЛВА СО ЧОКОЛАДО

Состојки

  • 1 чаша/200мл/ масло
  • 2 и 1/2 чаши гриз
  • 4 чаши шеќер
  • 8чаши вода
  • 2 паковања ванилин шеќер
  • 2 големи лажици чоколадо во прав или какао
  • 150гр чоколадо /може и млечно/
  • по желба сецкани ореви
  • по желба маку сусам

Подготовка

Во поголемо тавче се става маслото и гризот и се пропржува на тивок оган се додека не добие золтеникаво-кафеава боја  никако да потемни бидејќи тогаш алвата го губи вкусот.Онај кој сака суса во алвата може да додаде малку сусам во пржењето заедно со гризот.

Истовремено додека го прзите гризот на друга рингла ставете го шеќерот и водата да зовријат ,да се свари шербетот .Откако ќе зоврие оставете го да вари околу 5-10 минути.

Кога ќе се свари шербетот,тргнете го тавчето од огнои и постепено во мали колочини/најдобро со лажица - кутлача/ додавајте во гризот и истовремено мешајте со дрвена лажица -брзо и енергично убаво да се сврзи гризот и шербетот за да не останат грутчиња.Откако ќе го додадете целиот шербет ,тавцето се враќа на огнот /да биде тивок оган/ и се вари  со постојано мешање уште околу 15-20 минути. Тргнете го од ринглата и додадете го чоколадото и какаото ,мешајте се додека се растопи чоколадото.

Садот во кој ке ја ставите алвата,наквасетего со вода и туретеја алвата ,порамнетеја од горе и оставте ја да се лади...

Јас најповеќе ја сакам онака во топчиња како сладолед, па кога ја сервирам во пајчињата вадам топчиња алва со помос на ножицата за сладолед и по желба може да се украси со мрвици од чоколадо или да се прелие само со прелив од чоколадо ,а мозе и некој овошен.....