Испечати

Торта црнец под шлаг

Торта црнец под шлаг

Состојки

  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици какао
  • 250 грама маргарин
  • 200 грама шеќер во прав
  • 100 грама чоколадо
  • 100 грама шлаг

Подготовка

Брза, лесна и ефтина торта

1. Се матат 5 јајца со 5 лажици шеќер , откако ќе се изматат се додава 2 лажици масло и се мати уште 2 -3 минути. Потоа се додава 2 лажици какао и брашното со пецивото.

2.Падишпанот се пече во четвртаст плех. Кога е готов падишпанот се сече на три ленти соодветно измерени за да се формира тортата и се попрскува со некаков сок(од лимон, портокал).

Фил

1 маргарин се мати со шеќерот во прав. Кога ќе се соединат се додава стопено чоколадо и повторно се мати да се соединат.

Посебно се матат 5 белки со 5 лажици шеќер добро се мати да дојде како снег и потоа се додава во дел по дел во филот од маргаринот и чоколадото. Сето убаво се соединува

Се филува торта: кора натопена со сок, па фил така и за наредните кори. Се филува и на крајот се украсува со шлаг .
.