Испечати

Пилешки прсти со компир

Пилешки прсти со компир

Состојки

  • За стекот
  • 1кг саламурен стек
  • 3 јајца
  • 1-2 пакетчиња презла
  • За компирот
  • 500 гр компир
  • малку вегета
  • малку сол
  • малку магданос

Подготовка

Стекот се сечи на тенки ленти.(може и да се исчука за да може побрзо да се испржи)
Се разматуваат јајцата и се става тава со зејтин на огнот.
Кога ќе биде врел зејтинот се зема стекот, парче по парче и се потопува во јајцето, во презлата, па во сусамот и се ставаат да се пржат.

Компирите се лупат и се сечкат на коцки.
Се ставаат да се сварат и кога ќе бидат сварени се стават во тава со зејтин малце да се запржат.
Додека се пржат му се става малце магданос, вегета и сол.

Совет: На пилешките прсти може и да се исцеди лимон или да се макаат во мајонез!