Пикасо колач
Состојки
- Тесто
- 4 јајца на собна температура
- 1 филџан 250мл шеќер
- 1 филџан 250мл млеко
- 1 филџан 250мл масло
- 2 филџани 250 мл брашно
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 1 пакетче прашок за пециво
- Прелив
- 4 банани .
- 200 гр несолено младо сирење
- 200 гр слатка павлака
- 3 лажици рум
- 80 гр рендано чоколадо
- 50 гр прав шеќер
Подготовка
Се матат јајцата. Се додава млекото, маслото, шеќерот. Потоа постепено се додава брашното со прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Убаво изматената смеса се дели да два дела. Во едниот дел се додаваат две лажици какао. Во обложена тава со хартија за печење ставете во средина 3 лажици од белата смеса, врз неа три лажици од темната смеса, потоа продолжете со 3 лажици од белата, па 3 лажици од темната смеса, се додека не ги потрошите двете смеси. Не е потребно смесата да ја разливате низ тавата, ниту пак да ја растресувате тавата, смесата сама ќе се шири. Ставете ја тавата во загреана рерна да се пече околу 30 минути на 200 степени. Испечениот колач оставете го убаво да се олади. За тоа време се матат младото сирење и слатката павлака заедно со румот. На убаво изладениот колач се редат бананите пресечени на пола надолжно, а преку нив се размачкува кремот. Се украсува со рендано чоколадо а на краевите се посипува со прав шеќер дополнително по желба. Се остава убаво да се олади пред да се сече.