Погача Фанурија со темјан
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 мала лажица крстена вода
- 2-3 зрна издробен темјан
- 1 коцка квасец
- 150 гр шеќер
- 2-3лажички масло
Подготовка
Оваа погача е посна Фанурија се меси за здравје на фамилијата и се носи во црква на празникот Фанурија. Погачата се меси од девет состојки брашно, вода, крстенавода, квасец, шеќер, малку сол, сусам за декорација. Од сите состојки се замесува тесто, тестото да биде помеко, откако ќе се измесе добро се остава да скисне околу 1 час. Потоа од тестото се прави погача по ваша желба.
Јас направив 2 погачи Првата од тестото се прават 2 топки едната топка се витка како ролат и со нож се сечат мали ролати, ролатите се редат во намрсено тенџере наизменично еден до друг, а на средина се става другата половина од тестото во форма на круг. Одозгора се украсува по ваша желба. Втората погача тестото се дели на 4 дела од трите дела се прави плетенка и се става во намастено тенџере и на средина се става 4 дел во форма на круг, се украсува по желба. Може да додавате и боја во тестото и украсите. Украсите се прават еден ден порано за да има време да се исушат. Се пече во загреана релна на 200 Ц околу 25 до30 мин.