Испечати

Бубрези во кари сос

Бубрези во кари сос

Состојки

  • 500гр бубрези сечени на коцки
  • 25мл бело вино
  • 1 главица кромид
  • 1 мала конзерва печурки
  • 1 лажица брашно
  • 1 голема лажица кари

Подготовка

Не можев ни да замислам дека еден ден ќе јадам бубрези, но од кога пробав подготвени од маж ми почнав често да барам рецепти за бубрези во разни сосови, а овие си ги подготвив на мој начин =)

Испржете го исечканиот кромид и во него додадето ги бубрезите, пржете околу 10 минути и додадете ги и печурките, зачинете и залејте со бело вино и малку вода.
Оставете да врие околу 30-40 минути. Доколку немате веќе сос слободно додадете си вино или вода.
На крај додадете 1 лажица брашно за да го вчестите сосот.
Се служи со ориз или тестенини.