Испечати

Зелникот на мајка ми

Зелникот на мајка ми

Состојки

  • 1 кг брашно,квасец,1 л шеќер, 2-3 лажици брашно, малку млака вода
  • 200мл вода
  • 250 гр маргарин
  • 5-6 стракови праз
  • 200мл масло за јадење
  • 500 гр дробено сирење
  • 1лажица зачин, 1 лажица црвен пипер

Подготовка

1. Се измешува квасецот со млака вода, шеќерот и 2-3 лажици брашно и се остава да стаса.
2. Се замесува тесто од квасецот, брашното, сол и млака вода по потреба.
3. Се дели тестото на 9 топчиња. Едно се расукува и се става на дното од тепсија бр 34.
4. Другите се делат на два дела по 4, секое се расукува по малку се мачка со маргарин, од 4 те се прави голема кора се прска со масло, се става од сирењето, се витка во ролат и се става на едната половина од тепсијата. Iстото се повторува и со другите 4 топчиња.
6. Празот се дроби се пржи, се додава мешан сув зеленчук, сол и црвен пипер. Содржината се истура во средината на тепсијата. Се остава да кисне 45 минути. Пред печење се мачка со жолчка и се ренда малку маргарин. Се пече 50 минути на 200 степени. Од како ќе се извади од рерна се попрскува со млака вода и се покрива со крпа да одстои.