Испечати

Видео рецепт: Печени смокви

Видео рецепт: Печени смокви

Состојки

    Смоквите можат да се искористат на разни начини и можете да ги сервирате како сладок десерт или солено јадење замотано во сланина со јако сино сирење.

    Состојки

    • 10 смокви
    • една рака ореви
    • 2 супени лажици мед
    • 2 супени лажици маскрапоне сирење
    • чоколадо за гарнирање

    Подготовка

    Чекор 1: Земете ги свежите смокви и отсечете ги врвовите, а потоа направете форма на крст во овошјето. Повторете го ова со сите 10 смокви, за рецепт со кој ќе послужите 2 лица.

    Чекор 2: Наполнете ги смоквите со ореви и врз секоја смоква ставете малку мед.

    Чекор 3: Ставете ги во тава загреана на температура од 150 степени 22 минути додека смоквите да се опуштат и прекрасниот розев сок да го исполни дното на тавата.

    Чекор 4: Извадете ги од рерна и оставете ги да отстојат неколку минути, а потоа ставете 5 смокви во чинија. Со лажица прелијте ги смоквите со сосот од тавата и врз секоја од нив ставете малку маскарпоне сирење, а сервирањето завршете го со рендање малку изладено чоколадо одозгора. Воала!

    СОВЕТ: Вкусно е исто колку што е и убаво за око. Природата ни дава одредени овошја само во одредени периоди од годината, но кога ќе дојде тоа време дотолку повеќе уживаме во него.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет за пица
    Сет тави за пица