Потпечени компири со кулен
Состојки
- 3-4 големи компири
- 50грч. кулен
- 1/2 главица кромид
- 4-5 големи лажици павлака
- 50гр. рендан кашкавал
Подготовка
* Компирите сварете ги и сечете ги на коцки.
* Во загреана тава со масло пропржете го сецканиот кромид со исечканиот кулен.
* Во тава за печење ставете еден ред компири, друг ред од кулен и кромид, зачинете и додадете ја половината од павлаката. Ставете уште еден ред компири, повторно зачинете и додате ја останатата павлака и на крај ставете го ренданиот кашкавал.
* Печете во загреана рерна на 200-250 степени околу 20 мин во зависност како ви пече рерната.