Испечати

Тикварник

Тикварник

Состојки

  • 1,5 кг тиква
  • 50 мл масло
  • 250-300 гр млеко
  • 1 шоља шеќер
  • 2 ванила шеќер
  • 3 јајца

Подготовка

Тикварникот од секогаш бил едно од нашите омилени посластици. Уште како мала поимот тиква го гледав во тикварник, а сега и синот ми е достојна замена...штом види дома тиква, се знае, мора од неа да се прави тикварник.

Тиквата може да биди и печена и варена, но поради сочноста јас ја преферирам да е варена. Така полесно се чисти, а и нема да останат конци во составот. Варете ја на средна температура во малку вода со покриен капак, да се динста. Така нема да се распаѓа во тенџерето, а од пареата секаде убаво ќе се свари.
Додека е уште топла ставете ја во тепсијата во која ќе печите и кашесто испасирајте ја, да нема грутчиња. Тука мерката е од прилика за бр.28.
Скршете ги јајцата и убаво измешајте, па додадете го шеќерот, ванилата, маслото и млекото и пак добро измешајте.
Кај мене се погодија точно овие мерки, иако составот количински овде можи да варира. Пред се, количината шеќер зависи до самиот вкус, но и од блажината на тиквата. Млекото исто така зависи од тоа колку е сува (посна) тиквата. Воглавно содржината во тепсијата треба да биди густа одприлика како онаа за кекс (паднишпан) за да на крај добиете сочно испечен тикварник.
Печете на 180 степени 20-30 мин. Горниот слој треба да отемни.
Уживајте!