Испечати

Колачиња пријателка Maamoul

Колачиња пријателка  Maamoul

Состојки

  • 200 гр брашно
  • 200 гр мелен гриз
  • 200 гр обичен гриз за бебиња
  • 100 мл вода
  • пола лимон сок
  • 4 супени лажици шеќер
  • 250 гр путер
  • 1 пецилен прашок
  • малку сол
  • Фил
  • 100 гр лешници
  • 3 лажици супени шеќер
  • 3 лажици супени сок од портокал

Подготовка

Се мешаат сите суви состојки. Потоа се додава растопениот путер, сокот од лимон и водата и добро се замесува тестото. Се остава да се одмори 1 час.
Се кинат мали топчиња, се расплескуваат на раката и се полната со фил. Потоа се затвараат и се притискаат на модлата за колачи. Наредете ги на плехче обложено со хартија за печење и печете 15 мин на 220 С.

Фил
Во блендер се ставаат состојките и добро се матат да се направи како паста. Со овој фил се полната колачите. Јас моите ги полнев со домашен еурокрем со лешници. Секој по желба.
Овие колачи се правени во чест на ЛИЛИ Н .
Уште еднаш благодарам за прекрасниот подарок (модлата за колачи).
Добар апетит