Испечати

Spaghetti Ideale

Spaghetti Ideale

Состојки

    Подготовка

    Се ставаат шпагетите да се варат во претходно зовриена, посолена вода со малку масло и кога се готови се цедат, се поминуваат под млаз ладна вода и се ставаат во тавчето во кое ке се печат.

    Во меѓувреме се сецка ситно кромидот и се пржи додека не омекне, па се додава меленото месо, малку се пржи и му се додава доматниот сос и шампињоните цескани на листови. Се ова убаво се пржи и кога е готово се трга на страна и се додава павлаката. Убаво се меша и се става над шпагетите. Одозгора се ренда кашкавалот и се става во загреана рерна на 220 степени да се пече околу 20 мин додека кашкавалот убаво не се стопи и подзапече.

    Се декорира со кечап, може да се послужи со топка павлака, сето тоа по желба.

    Наместо доматен сос може да се стават 2 домати лупени и сецкани, наместо свежи шампињони може маринирани.

    Добар апетит!