Сладок леб
Состојки
- 500 гр. брашно
- 220 мл. млака вода
- 20 гр. квасец
- 2 јајца
- 2 мали лажички сол
- 4 супени лажици шекер
- 50 гр. истопен маргарин
- 1-2 пакетчиња ванила, рендана кора од лимон или портокал
Подготовка
Рецептот носи име Сладок леб, а комотно може да се спрема како погача, идеален...
Подготовка
1. Во млаката вода растворете го квасецот, додајте го во брашното во кое веќе сте измешале солта, шеќерот, ванилите и ренданите кори од лимон или портокал и сматените јајца.
2. Замесете го тестото при што ќе додадете половина од стопениот маргарин, а со остатокот од маргаринот на крај домесете го тестото. Оставете да стаса.
3. Кога е стасано размесете го и формирајте го лебот или направете погача.
4. Оставете да стаса. Премачкајте со разматено јајце, посипете со сусам.
5. Се пече во предходно заграна рерна на 200 степени или прилагодете ја температурата според рерната ваша која вие најдобро ја познавате за печењена теста.
ЗАБЕЛЕШКА
Тестото е малку меко што го прави и убаво, не случајно пишувам дека со половина од маргаринот домесете го.
Ова на мене ми служи како основен рецепт кој многу пати го изменувам така што има прилики кога ставам пола вода- пола млеко, додавам суво грозје, овој пат во мала количина брусница. Многу пати одделам маклку од тестото, му додавам какао или чоколадо во прав, да е шарено малку.
Останува вие сами да си го креирате изгледот како сакате да тој ви изгледа.
Се јаде во друштво...)))