Испечати

Меден колач

Меден колач

Состојки

  • За тесто
  • 50 гр Кокосово масло (или путер)
  • 3 лажици мед
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици млеко
  • 2, 3 филџани од 250гр бело брашно
  • За фил
  • 500 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажица густин
  • 250 гр путер
  • 150 гр прав шеќер
  • За прелив и кршено чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 50 гр бело чоколадо
  • 3 лажички кокосово масло (или путер)

Подготовка

Сите состојки за тестото се мешаат со миксер, освен брашното. Брашното се додава постепено, прво два филџани од по 250 мл, а потоа се додава постепено, по потреба за да се добие глатко тесто кое нема да биде ниту премногу тврдо, ниту лепливо. Тестото се дели на три топки.
Првата се разсукува на набрашнета маса и се става на превртен подмачкан плех. Убаво се расукува дополнително на плехот и се става да се пече во загрена рерна околу 10тина минути. Истата постапка се повторува со останатите две кори. (Кога ќе се испечат корите се тврди како ќирамиди, но немојте да се грижите кога ќе се филуваат, ќе омекнат).
Филот од млекото, брашното, шеќерот и густинот се вари додека не згусне. Се остава убаво да се олади. Путерот се мати со прав шеќерот, а потоа во него се става изладениот фил. Се соединуваат убаво со матење. Со вака подготвениот фил се премачкува секоја кора, а краевите на корите се одсекуваат. На површината и од страните се премачкува со остатокот од филот.
За тоа време се става темното чоколадо да се топи со 2 лажички кокосово масло. Дел од растопеното чоколадо се премачкува на површината на колачот, а дел се става на послужалник и убаво се размачкува во тенка плоча. Вака оформената плоча од растопено чоколадо се става во фрижидер да се стегне околу 10 минути. Истата постапка се повторува и со белото чоколадо.
Се топи со кокосовото масло и се размачкува на послужалник во вид на плоча и исто се остава да се стегне во фрижидер. Од вака стегнатите тенки плочи чоколадо се кршат парчиња со неправилна форма.Колачот се сече ка коцки и се украсува со парчиња црно и бело чоколадо, додека чоколадната површина сеуште не е стврдната. Се остава уште некое време да се стегне и се служи. Добар апетит!