Бабина парена торта
Состојки
- Тесто
- 5 јајца
- 2 чаши за млеко шеќер
- 1 чаша за мл. млеко
- 1 чаша за млеко зејтин
- 1 чаша за млеко брашно
- 1 чаша за млеко гриз
- 1 пакетче прашак за пециво
- 1 чаша за млеко сецкани ореви
- Шербет
- 500 гр шеќер
- 1/2 литар вода
- 1 лимон ( сок и кора )
Подготовка
Се матат јајцата и шеќерот како за пандишпан.
Се додава млекото, зејтинот, брашното, гризот и прашакот за пециво.
Кога се убаво ќе се соедини се додаваат оревите.
Се пече во подмачкан плех број 32, во предходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути.
Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и оставаат да зовријат 5-6 минути и се додава кора и сок од лимонот.
Тортата се остава да се излади и се попарува со топлиот шербет.
Ова ми е еден од најомилените рецепти на мојата баба и ме потсетува на моето детство....
Добар апетит!