Испечати

Морков салата во пиперчиња

Морков салата во пиперчиња

Состојки

  • 3 кгр. морков
  • 1 главица мала лук
  • 1 ракатка магданос
  • 300 мл. зејтин
  • 300 мл. 6% алкохолен оцет
  • 50 гр. шекер
  • 1 кгр. мали пиперчиња или феферонки округли
  • според вкус сол
  • 1 паковање бибер во зрна
  • 1 пакетче конзерванс

Подготовка

Морков салата малку на другачии начин. Овој пат е сместена во мали пиперчиња или округлите феферонки. Ќе беше поинтересна доколку најдев во различни бои, но за жал само црвени, но лутички се, па ке биде пикантна морковена салата...))))

Рецептот е од една моја драга колешка која исто така ужива да има шаренолика зимница. Цветанке, јас сум благодарна за прекрасниот рецепт, но да не остане само кај мене и кај тебе оваа салата одлучив да ја споделам овде, нека краси и некоја друга полица.

Подготовка
1. Измиениот и исчистен морков се ренда на ситната страна од рендето, му се додава ренданиот лук, сечкан магданос, зејтинот, оцетот, шеќерот, биберот во зрна и осолето по сопствен вкус, додадете го конзервансот - оставете да одстои до наредниот ден.
2. Морковот со стискање исцедете го од течноста која ја пуштил.
3. Извадете го семето од пиперчињата и полнети ги со морковот.
4. Наредете ги наполетите пиперчиња во тегли, залијте ги со течноста, затворете ги теглите.

ЗАБЕЛЕШКА
Бидејки давам потполна подршка на спремањето зимница без конзерванси,  јас нема да сум јас ако не изменам нешто. Ова што го читате погре е оригиналниот рецепт, но јас откако ги наполнив теглите и заторив, ги ставив на кратко да се пастеризираат...онолку време колку што е потребно да се затворат капаците.
Оставам на вас вие да си изберете - конзерванс или пастеризација.
Бидејки не спремам од ист вид на зимница во големи количини - секој пат ја преполовувам дозата од рецептот - веке сфативте дека и оваа салата е од половина доза.
Нека ви е слатко!