Испечати

Мармалад од праски и ѓумбир

Мармалад од праски и ѓумбир

Состојки

  • 3 кгр праски нектарина (може и обични )
  • 1 кгр шеќер
  • 1 свеж корен ѓумбир
  • 1 лимонов сок

Подготовка

Добро измијте ги праските и одстранете ја семката. Ставете ги во блендер и изблендирајте. Така блендирани префрлете ги во тенџере. Излупете го коренот од ѓумбир и заедно со последната тура од праски заедно изблендирајте го. Сето ставете го на рингла на тивко и оставете да поцне да врие., потоа додадете го и шеќерот и продолжете да варите. После 15 мин додадете го и сокот од лимонот и со постојано мешање варете уште 30 минути. Доколку се насобере пена извадете ја со лажица.
Теглите наредете ги до тенџерето на ринглата да се стоплат. Кога е готово соберете го мармаладот во топлите тегли и добро затворете. Сега превртете ги теглите на капачето да се вакумираат дополнително,така треба да стојат само 5 минути и вратете ги во првобитната положба. Вака вакумирани оставте да се оладат, а следниот ден ставете ги во шпајз за зима.
Одличен мармалад за гости намачкан на палачинки.