Американски мафини
Состојки
- 500гр брашно
- 100гр кафеав шекер
- 100гр бел шекер
- 1 пециво
- прстофат сол
- 150мл млеко или јогурт
- 2 јајца
- 120гр стопен путер
- 2 ванили
- 100гр млечна сечкана чоколада
- 100гр толчени ореви
Подготовка
Овој рецепт е од мојата пријателка од Америка, Клер.
Сите состојки се миксираат со миксер и се добива еднолична смеса. На крајот се додава сечканата чоколада на коцки и оревите. Јас не ставив ореви.
Се полнат хартиените кошнички и се печат на 200Ц 25мин.
Излегуваат околу 12 мафини. Рецептот е повеќе од ОДЛИЧЕН 5.