Полнети пиперки во сос
Состојки
- 10 бабури пиперки
- 500 гр. мелено месо
- 1 глава кромид
- 1-2 чешниња лук
- 1 морков
- по вкус сол, вегета, бибер, магданос
- 2 лажици брашно + мала глава кромид
- 2-3 патлианиџи
- 150 гр. ориз
Подготовка
1. Пиперките измијте ги и извадете им го семето.
2. Во тава на зејтин ставете да се пржи исецканиот кромид, ренданиот морков, нека се кратко запржи, па додадете го меленото месо и продолжете да пржите, додадете го измиениот ориз. Нека се пржи се заедно додека оризот не стане стаклест. Зачинете и тргнете од огнот - нека олади.
3. Полнети ги пиперките и затварајте ги со исечена плошка од патлиџан. Наредете ги пиперките во подлабок сад, нарендајте патлиџанот и залијте ги со вода во која ке додадете пак сол и вегета, бибер, поклопете со капак и ставете нека се крчкаат.
4. Во тавче на зејтин заедно пржете малку нарендан кромид и брашното, кога е сето тоа испржено внимателно додадете во садот во кој се спремаат пиперките, вратете повторно во рерната нека крчка околу 10 минути. Ако не сте го доволно осолиле - пробајте и додадете си вегета или сол.
НАПОМЕНА
-Не ги преполнувајте пиперките бидејки кога оризот ќе се свари тие ќе ви се распукат.
- Доколку немате доволно течност за да го припремате сосот, тогаш при самото пржење на брашното и кромидот кога е готово додадете си вода и рендан патлиџан, нека зоврие, осолете и додадете во пиперките - оставете пак нека крчкаат неколку минути.
Зошто велам заедно да се пржат кромидот и брашното???
Во непосредна близина каде што живеев имаше градежна фирма, во кујната се спремаше ручек за работниците, а јас како радознало дете во летниот распуст таму го минував времето, па тој мој дедо Павле ке ми дозволеше и да му помагам, лупев компир, чистев грав, интересно ми беше. Тој велеше дека секогаш запршка или сос за да бидат со посебен шмек - се загрева зејтинот и во него заедно се става ситно сецкан или рендан кромид и брашното, кога кромидот ќе ги добие тие зацрвенети рабови... значи брашното е добро испечено и може да се додава водата или буљонот. Никогаш не го сменив тој начин бидејки има голема вистина во тоа.
.
Пријатен ручек!!!