Солен ролат со готови кори
Состојки
- 4 Јајца
- 250 мл. Газирана Вода
- 150 мл. Зејтин
- 400 гр. Рендано сирење
- 1 Пециво
- малку сол
- 1/2 кг. Кори за пита
- Фил
- 600 гр. Кисела Павлака
- 300 гр. Шунка сецкана
- 200 гр. Сирење сецкано
Подготовка
Јајцата се мешаат со миксер, се додава водата, зејтинот, сирењето и пецивото. Сол се става малку, зависно од тоа колку е солено сирењето. Оваа смеса е ретка.
Готови кори за пита се делат на 2дела. Обично тоа пакување што јас го земам се околу 16 кори во 1/2кг. пакување. Ги делам за два ролата.
Значи во плех (со големина на корите) во кој има ставено хартија за печење 8 кори се редат една врз друга и се премачкуваат сите кори со смесата од јајца и последната кора се премачува со смесата и по желба може да се нанесе сусам и се става да се пече во рерна на 180 степени. Се пече додека не порумени.
Додека првиот дел од корите се пече, се припремаат другите кори. На хартија за печење и вториот дел кори се редат една врз друга и се премачкуваат со смесата од јајца и последната кора се премачкува и се нанесува сусам и кога ќе биде готов првиот дел од корите само се префрла во плехот за печење. Се пече исто како првиот дел кори.
Кога ќе бидат готови корите, сосема малку се засекуваат краевите од корите кои се крцкави и малку незгодни за свиткување. Испечените кори се филуваат со филот од павлака, шунка и сирење и се виткаат во ролат. Значи се добиваат 2 ролати, се префрлаат во фрижидер, некаде после 4 саати може да се служи.
Може да се сечат многу тенки ролати, така што се многу згодни и декоративни за сервирање за празничните трпези.