Урмашици
Состојки
- 250гр маргарин
- 250гр зејтин
- 2 јајца
- 4лажици кисело млеко или павлака
- 2лажици шекер
- 1 пециво
- 800-900гр брашно
- прелив
- 1,2кг шекер
- 800мл вода
- 2кесички ванилин шекер
- 1/2 лимон
Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки да биде мазно компактно. Тестото е мрсно и затоа се работи полесно со него. Се зема во рака тесто колку орев се расплескува на ренде, внатре се става оревче и се мота урмашица. Урмашиците се редат во подмачкан плех и се печат додека добијат убава црвена боја околу 20-30 минути.
Шербет:
Шеќерот се налева со водата и се вари. Одкако ќе зоврие, да врие 7 минути, а потоа се додава ванилата и лимонот исечен на тркалца.
Оладениот шербет се истура врз врели урмашици и се остава да се впие.
По желба урмашиците може да се поросат со млени ореви или кокос, ама вака се најубави, најавтентични.
Ова се многу убави и јаки парени колачи и излегуваат многу, па затоа се печат во голем плех од шпорет каде што ќе може и да се попарат.