Испечати

Кекс од белки

Кекс од белки

Состојки

  • 6 белки
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванила шеќер
  • 100 мл масло
  • 200 гр брашно
  • 2-3 ребра црно чоколадо
  • 100 гр сушено овошје
  • 50 гр по избор, лешници, бадеми, ореви...

Подготовка

Изматете ги белките со шеќерот и ванилата во цврст снег. Со најмала брзина на миксерот измешајте го маслото и на крај со дрвена лажица внимателно измашајте го и брашното. Убаво е тоа да се прави во еден правец со движење од долу нагоре за да остани смесата со добар волумен. На ист начин додадете го сецкано сушеното овошје и сецканото чоколадо. Зрнестите плодови исечете ги на половинки и тие исто така додадете ги во смесата.
Печете на 180 степени 40 мин. Препорака за тава број 28 или 30.