Колач со кикиритки
Состојки
- Тесто
- 300 г шеќер
- ½ шолја масло
- 300 г брашно
- 1 пециво
- 2 шолји несолени печени толчени кикиритки
- Фил
- 2 чоколада за готвење
- 150 мл млеко
- Шербет
- 1 ванила
- ½ шолја вода
Подготовка
Припрема на тестото
1. Јајцата се бијат со шеќерот. Се додава маслото, брашното, пецивото и кикиритките.
2. Се пече во плех од електричен шпорет првин на 200 па на 180 степени.
3. Откако ќе се излади со чаша се вадат кругови.
Припрема на фил
1. Чоколадото се растопува во 150 мл млеко.
2. Се трга на страна и во него се рони остатокот од тестото. Се додаваат 1-2 раце кикиритки. Сето се меша заедно.
Припрема на шербет
На оган се става водата, шеќерот и ванилата да зоврие и да се стопи шеќерот. Се остава малку да се излади.
Врз круговите става од шербетот, па од филот. Се украсува со шлаг и кикиритки.
Шербетот се става за да бидат посочни, доколку сакате да добиете посув колач не мора .