Кифлички без јајца
Состојки
- 1/ 4 маргарин ( или маст )
- 500 грама брашно
- 4 лажици шеќер
- 40 грама квасец
- 100 грама шеќер во прав
- 1 ванила
- 300 мл млеко
Подготовка
Овој рецепт ми е од многу стар готвач “Сладок готвач„ во издание на просветена жена.
Го матиме брашното заедно со маргаринот. Во млекото го ставаме квасецот и шеќерот. Со рацете го трламе брашното меѓу дланките како што се трла за тарана. Кога е добро измешано и уедначено го замесуваме тестото. нДа нагласам дека во оригиналниот рецепт пишува 1/4 кг маст или маргарин, јас си ставив по мое количина. Некако ми се виде многу маргарин за таа количина на брашно, па си терав по моја проценка. И не згрешив, тестото е одлично. Го оставаме да одмори малку тестото, околу 30 минути.
Кинеме топчиња од тестото, расукуваме коричка. Ако сакаме филуваме со мармалад или крем и не мора. Оригиналниот рецепт е без фил, јас правев и со и без фил. И на двата начини е вкусно.
Тестото дозволува и сукање на поголема коричка и сечење по желба. На сликите се гледа дека има два вида кифли. Едните не се премачкани со јајце ( жолчка и зејтин) само се валани во шеќер, а дел се премачкани. Подмачкуваме плех со маргарин, чекаме малку да стасаат. Ги печеме кифлите во загреана рерна на 200 степени, па намалуваме на 180 да не ни изгорат. Печеме околу триесетина минути ( или зависно од јачината на рерната). Кифлите ги валаме во шеќер ако не се филувани уште додека се топли. Многу се меки и вкусни, а миризбата на ванила во просторијата додека се печат е незаменлива. Кој пробал знае колку се вкусни,а можете и вие ако сакате да се уверите во вкусот на овие кифлички. Ви ги препорачувам. Засладете се, добар апетит.