Испечати

Чоколаден колач за 5 минути

Чоколаден колач за 5 минути

Состојки

  • 4 лажици брашно
  • 3 лажици шекер
  • 2 лажици какао
  • прстофат сол
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 кесичка ванилин шекер
  • 1/4 шоља млеко
  • 1 1/2 лажица масло
  • 3/4 лажичка јаболкова киселина
  • 1 1/2 лажица мармалад од вишни
  • 40 гр чоколадо исечено на ситни коцки
  • За посипување
  • по желба чоколадо во прав, какао, шекер во прав

Подготовка

Две порцелански шољи за млеко или чај намастете ги одвнатре со малку масло.
Во 1/4 шоља млеко додадете ја јаболковата киселина и оставете да отстои додека ги подготвувате другите состојки.
Во еден мал сад ставете ги сите суви состојки и со жица добро измешајте ги. Додајте ги млекото, маслото и мармаладот и добро измешајте со шпатула. Додајте ги и коцките чоколадо, па измешајте уште еднаш.
Поделете ја смесата во двете шољи. Ќе се наполнат до половина.
Ставете ги шољите во мокробранова и печете на најсилно 2 мин.
Оставете да одстои колачот 5 мин., наросете со чоколадо во прав и шеќер во прав.
Мојата микробранова е со мокност 1000 вати, а вие прилагодете го времето и јачината на печење на вашата. Јас ставив мармалад од вишни и чоколадо полнето со вишни, ама тоа е варијабилно според вашиот вкус. Шољите се со волумен 250 мл.
Овој екстра брз и многу вкусен колач за Бети, ако сака да ги искористи шољиците место калапчина......