Испечати

Пеглана парена пиперка

Пеглана парена пиперка

Состојки

  • 4кг црвени пиперки-капија
  • 1л алкохолен оцет
  • 350гр шекер
  • 200гр сол
  • 1/2 кесичка винобран
  • 1китка магдонос
  • 3главици лук

Подготовка

Пиперот се мие и се чисти од семето и рачките. Се реди во подлабока шерпа или лонец и се попарува со солилото.

Солило
Оцетот се става да зоврие со шеќерот и солта, а на крај се додава и винобранот. Убаво се меша и се попаруваат пиперките. Откако ќе се попарат се притискаат со тежок предмет и треба да одстојат 24 часа .
Лукот се лупи и се сецка на лентички. За припрема на зимница јас секогаш користам домашно-селско лукче затоа што овој големиот што го има по пазарите нема вкус, туку само лути. Магдоносот исто се сецка, а количината зависи од вкусот на домаќинката.

Во суви тегли се редат пиперките, а помеѓу нив се става од магдоносот и лукчето. Откако ќе се наполнат теглите, пиперките се налеваат со солилото, се затвораат со капаци и се редат меѓу другата зимница.

*Во состав на овој рецепт ќе напишам и за пиперки за полнење за преку зима.
За да не ви зафаќаат место пиперките за полнење се чистат од семето и рачките и се ставаат во загреана рерна околу 10 минути колку да подомекнат со што нивниот волумен се намалува и лесно ќе ги спакувате во фрижидер без да ви зафатат голем простор. Мене овој совет ми помогна и затоа се надевам дека ќе послужи и на некој друг.