Колач со мак

Состојки
- потребно за кора
 - 5 јајца
 - 150 гр шеќер
 - 1 шоља(100гр) масло
 - 1 шоља млеко
 - 11 лажици брашно
 - 1 пециво
 - потребно за филот
 - 750 гр млеко
 - 6 лажици брашно
 - 12 лажици шеќер
 - 200гр мак
 - по желба може да се додаде
 - 2 големи лажици какао (во вториот дел од тестото за кора)
 
Подготовка
Прво го подготвуваме филот
 Тргаме нa страна мал дел од млекото во кое го раствараме брашното, а остатокот го ставаме во тенџере во кое ќе го готвиме филот. Го ставаме и шеќерот да зоврие, го додаваме остатокот од млеко со брашно и мешаме додека да се згусне. Го додаваме макот промешуваме да се соедини со кремот и го тргаме на страна.
Веднаш по филот го матиме колачот, бидејки филот треба да е топол кога ќе го ставиме во колачот.
 Ги матиме јајцата со шеќерот. Кога убаво ќе се изматат ги додаваме маслото и млекото, мешаме со лажица и го додаваме брашното и пецивото.
 Земаме тавче бр 35x25 см и го премачкуваме со масло, а потоа го наросуваме со брашно. Ја истураме половината од смесата и печеме во загреана рерна на 200 степени, додека тортата да фати коричка и да порумени. Па ја вадиме од рерна и го распоредуваме филот.
 Ја истураме втората половина од смесата во која сте додале 2 лаж какао (јас од брзање заборавив да го ставам). Пак го враќаме колачот во рерна да се испече. Со чепкалка проверуваме дали колачот е испечен. Готовиот колач го посолуваме со прав шеќер или нешто по ваша желба.