Испечати

Селско месо „А ла пролет„

Селско месо „А ла пролет„

Состојки

  • 600 грама свинско месо
  • 600 грама печурки
  • 70 -80 мл зејтин
  • 12 чешниња лук
  • 3 не многу големи патлиџани
  • 200 мл бело вино( ставив црвено)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка зачин за свинско печење

Подготовка

Овој рецепт го имам од пред многу години. Поточно ми го донесе сопругот еден ден, го јаделе ова јадење во некој ресторан со друштво во нашата околина. Толку многу и се допаднало ова селско месо и ги замолиле вработените да и кажат што состојки треба за да се спреми. И така јас по кажување го спремив веднаш Резултатот беше одличен.

Еве сега после многу години повторно се присетив на ова јадење  ќе ми биде драго да го споделам со вас.
Месото го сецкаме на коцки. Еден од патлиџаните исто така, а печурките на ситни парчиња. Го ставаме зејтинот во тавата и го додаваме месото. Ги додаваме зачините и пржиме десетина минути на потивок оган. Ги додаваме печурките и пржиме неколку минути. Полеваме со виното, повремено мешаме. Потоа го додаваме лукот и патлиџанот. Цело време нека ви биде покриена тавата со капак за да омекне подобро месото од пареата и секако промешувате. Пржиме 15 до 20 минути. Ја тргаме тавата од шпорет и претураме во земјена тава ако имаме (во мојот случај користев огноотпорен сад бидејки моментално немам).
Одозгора ставаме тркалца од патлиџаните. Печеме околу 45 минути на 200 степени внимавајки да не ни изврие многу сосот. Јас ова јадење го гарнирав со готово пире и комбинацијата беше полн погодог. Се надевам дека ќе ви се допадне овој мој рецепт и ви посакувам добар апетит.