Испечати

Домашна италијанска пица

Домашна италијанска пица

Состојки

  • За тесто
  • 3 филџани бело брашно
  • 1/2 кесичка сув квасец
  • 1/2 филџан млако пиво
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажица шеќер
  • 1 лажица масло
  • За прелив
  • 200 мл домашен сос од домати (салца)
  • 150 гр црни маслинки
  • 50 гр свежа пршута
  • 250 гр мешан цврст кашкавал
  • 5, 6 гранчиња свежа рукола
  • 2, 3 ситни благи домати (или чери домати)
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1 лажица сусам
  • 1 лашичка оригано

Подготовка

Се замесува тетстото од брашното, квасецот, малку сол, шеќер и масло со постепено додавање на млакото пиво, за да се добие меко тесто. По потреба може да додадете малку вода доколку не е доволно меко. Убаво измесено тестото се формира во топка и се остава да одстои околу 40 минути.

За тоа време се подготвуваат состојките за прелив. 200 гр од кашкавалот се ренда а 50 гр се сече на тенки листови. Маслинките се сечат дијагонално на тенки лента а семката им се одстранува. Доматите се сечат на мали коцки, а пршутата треба да е исечена на тенки проѕирни ленти.

Тестото се расукува и се става во тава со дијаметар 30, убаво се оформува со рацете и се остава да одстои уште 10 минути. На стасаното тесто се нанесува сосот од домати, убаво се мачка тестото со него, се додава оригано, ренданиот кашкавал и сецканите маслинки. Краевите на тестото се наросуваат со сусам. Вака подготвената пица се става да се пече во загреана рерна околу 20 минути. Испечената пица се вади од рерна и се украсува со пршутата, листовите кашкавал, свежите листови рукола и сецканите свежи домати кои се наросуваат со сув босилек. Се служи топла, во комбинација со суво бело вино. Добар апетит.....