Поширано јајце
Состојки
- 1 јајце
- 1 кеса за длабоко замрзнување
- по малку магданос, пиперка, морков...сол
Подготовка
Јас веќе препознатлива по нештата, испревртените рецепти, а да се дојде до успешен конечен резултат. За прв пат поширав вака само јајце, потоа правев кајгана со сирење во кеса, па зошто да не испробам и вакво нешто, особено кога знам да на дечињата им прави задоволство. Па ајде и вие во ваква авантура. Веќе еднаш напоменав овде дека освен вообичаеното поширање на јајца, знам и други начини, а се работеше токму за оваа идеја.
1. Земате најлонско кесе во кој пакуваме намирници за длабоко замрзнување, оние шушкавите, не обичниот најлон, намрснете го со малку зејтин, поставете го на филџан така што да биде кесата отворена.
2. Ставете магданос, на ситната страна од рендето рендана пиперка, морков.. или се она што саката да има во содржината на вака пошираното јајце, вие сами креирајте, врз ова скршете го внимателно јајцето, посолете и врз јајцето исто така можете да ставите од се што предходно сте нарендале, но морате да внимавате да не ја разлиете жолчката.
3. Врзете ја кесата со конец или наједноставно преврзете ја кесата сама околу себе, ставете во тенџере во кое веке врие водата. Варете го јајцето толку колку што сакате да го консумирате... ровко, тврдо, меко... ако се одлучите да остане меко јајцето, тогаш повторно мора да внимавате при самото вадење од кесата да не ја разлите жолчката.
Ова е повеке како идеја рецепт - одколку рецепт.
Количината на кесите и јајцата зависи од тоа за колку особи спремате.