Чоколадна торта со боровинки
Состојки
- 8 јајца
- 8лажици шекер
- 4лажици брашно
- 8лажици мелени ореви
- 4лажици рендано чоколадо
- 1 пециво
- фил
- 1литар млеко
- 3кесички пудинг од чоколада
- 250гр шеќер
- 150гр чоколада за кување
- 250гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
- 2кесички шлаг крем од чоколада
- 450гр наполитанки
- 1чаша150мл ликер од боровинки
- 1чаша боровинки
Подготовка
Јајцата се матат (посебно белките ,посебно жолчките со шеќерот) па им се додаваат оревите, брашното, пецивото и чоколадата и се пече тесто во тепсија бр 30. Тестото се сече на пола.
Фил
Млекото се вари со 250гр шеќер и во него се варат кесичките со пудинг. Кон топлиот пудинг се додава 150 гр рендана чоколада и се остава да се излади. Кон изладениот пудинг се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав и филот убаво се мати додека се изедначи.
Шлаг кремот се мати според упатството и се остава на страна.
Ликерот од боровинки се меша со 1оомл вода.
Најдоле се става еден дел од тестото, па се прска се натопува со ликер и над него се става од филот. Над филот се ставаат боровинки, а над нив наполитанки еден ред. Над наполитанките се става од филот, па боровинки и на крај се става второто тесто кое се потопува со преостанатиот ликер.
Целата торта се декорира со шлаг крем од чоколада.
Тортата е фантастично вкусна со посебен шмек и навистина изненадува спојот на чоколада и ликер од боровинки