Испечати

Рисини тестенини со сос од домати, фета и маслинки

Рисини тестенини со сос од домати, фета и маслинки

Состојки

  • 250гр Рисини (тестенини во вид на ориз)
  • 1 кг домати
  • 200 гр фета сирење
  • 200 гр зелени маслинки
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Најпрво се подготвува сосот од домати.
Миените домати се чистат од дршките и се сечат на парчиња. Така се блендираат во блендер. Сосот се вари во тенџере околу 40 минути. При крајот на варењето се додава сол, шеќер, босилек, мајчина душица, оригано, лук и маслиново масло. Во тенџере со зовриена посолена вода се ставаат рисините и се варат околу 15 минути. Сварените рисини се цедат во цедалка и се мијат си ладна вида. Повторно се враќаат во тенџере со малку маслново масло се доадава фета сирење сечено на коцки и сечкани зелени маслинки. Се посолува дополнително по желба и се сервира заедно со подготвениот домашен сос. Пријатно јадење..