Испечати

Полнети поховани пиперки

Полнети поховани пиперки

Состојки

  • 6 меснати пиперки
  • 6 ленти кашкавал по ваш избор
  • 6 ленти шунка
  • за похување
  • 2 јајца
  • 50 гр презла
  • 50 гр брашно

Подготовка

Брз и лесен предлог за вечера или пак за мезе кој како си сака.

Пиперките најпрво се печат, ги оставаме малку во најлон ќесе да се здушат и да може полесно да се лупат. Излупените пиперки ги оставаме малку да се исцедат. На секоја пиперка се става по едно парче кашкавал и шукна и се мотат секоја во ролат.
Во сад се разматуваат јајцата им се додават зачините и пиперките една по една се валкат прво во брашно, па јајца и на крај во презла. Се пржат на врело масло да поруменат од двете страни. Се остават на кујнска хартија да се впие вишокот масло и се сервираат топли со павлака, а може и ладни како мезе..Бон Апетит