Апетитка
Состојки
- 2,5 кг. црвени везени пиперки (може и понекоја лута)
- 8 кг. црвени домати
- 1 китка магданос
- 1 глава лук
- малку масло и сол по вкус
Подготовка
Време е за правење зимници...Рецептот ми го даде една моја добра пријателка уште пред многу години. Нема година да пропуштам, а да не ја направам прво оваа салата додека уште ги има везените пиперки, па после се друго по ред ајвар, пинџур...Просто ја обожаваме и буквално со се ја јадеме (во се се меша).)))
Јас ја правам со 2кг. благи пиперки и пола кг.лути зошто сакаме кога е малку повеќе луто( па затоа и се вика апетитка за да отвори апетит - за тие што го немаат))) а за тие што не јадат луто може да си ја направат само со благи везени пиперки...
1. Во подлабока тава или тенџере на малку зејтин кратко се пропржуваат претходно измиените и исчистени пиперки од семето и се тргаат на страна. Јас слатава ја правам на двапати. Ги делам сите состојки на пола бидејки немам толку големо тенџере зошто доста количински излегува, а вие ако имате можете одеднаш што е подобро за вас.
2. На страна црвените домати се лупат, се сечкаат и во подлабоко тенџере се ставаат се додава сол по вкус и се варат додека не станат како сос некои 20 мин.
3. Во сосот тогаш се додаваат претходно испржените пиперки и се заедно се вари не многу околу 15 мин.додека состојките не се соединат.
4. 5 мин. пред крај се додава исчистениот и исечкан лук и магданос, уште кратко се вари се заедно и врело се собира во тегли.