Слатки коцки од пудинг и палачинки
Состојки
- околу 30 палачинки
- 2 л млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 2 пудинзи од ванила
- 20 лаж шеќер
- шлаг пена за украсување
- 300-400 гр крем, нутела или мармалад
Подготовка
Ова е повеќе идеја како да си ги сервирате палачинките и да ги восхитите оние кои ќе ги пробаат, како по изгледот, така и по вкусот.
Најпрво премачкајте ги палачинките и сролајте ги. Во погоден правоаголен сад наредете половина од нив.
Спремете ги пудинзите. Секоја врста во по 1 кг млеко и по 10 лаж. шеќер.
Врз наредените палачинки истурете го прво пудингот од ванила. Наредете ги преостанатите предходно припремени палачинки, па врз нив истурете го и пудингот од ванила.
Оставете го садот во фрижидер неколку саати, убаво да се стегнат пудинзите, па филовајте одозгора со шлаг крем или исечете го предходно на коцки па потоа украсувајте со шлагот.
* Бидејќи ми недостигаше уште едно пакетче пудинг од чоколадо, а имав веќе купен готов чоколаден фил за торти (фото колаж), овдека на сликата е искористен тој место пудинг од ванила и можам да кажам дека беа уште послатки. Значи, не мора да е само пудинг, играјте си си филот, кој секако мора да е цврст за да можи да се сечи. Ние не бевме стрпливи па сечевме многу порано)))
Уште една забелешка...
Наместо палачинки, можите да употребите кроасани, или во двата реда или прв ред бисквити-пудинг-кроасани-пудинг-шлаг.
Уживајте!