Испечати

Видео рецепт: Едноставен француски багет

Видео рецепт: Едноставен француски багет

Тазе Француски леб од рерна. Намачкан со путер и сладок џем. Зошто не би го искусиле вкусот на Франција во сопствената кујна такашто ќе го направите овој едноставен и лесен рецепт за Француски багет?

Состојки

  • 500 грама бело брашно за леб
  • 7 грама активен квасец
  • 7 грама сол
  • 340 милилитри вода
  • (За сервирање: путер и џем)

Подготовка

Чекор 1: Измешајте ги сувите состојки заедно во длабок сад. Потоа сипете ја водата, измешајте и ставете го тестото на маса.

Чекор 2: Продолжете да додавате брашно додека да ја добиете потребната густина и тестото да не ви се лепи за рацете, а потоа убаво измесете го на работната површина најмалку 5 минути.

Ставете го тестото во сад со брашно, покријте го и оставете го на топло место да стасува 1 час.

Чекор 3: Размесете го тестото и поделете го на 4 парчиња. Развијте ги во долги тенки багети. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат уште 10-15 минути.

Чекор 4: Ставете ги багетите во Делимано тавата за печење. Земете ножици и пресечете по должината на багетите, туркајќи ги парчињата лево и десно за да добиете убава шара. Ова ќе го направи откинувањето парчиња полесно кога лебот ќе биде готов.

Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 200 степени 20-25 минути или додека да бидете сигурни дека лебот е испечен одвнатре и крцкав однадвор. Можете и да го премачкате со маслиново масло или путер за да добие златна боја додека се пече.

Чекор 5: Извадете го лебот од рерна и оставете го да се излади, но сервирајте го топол за да можете да уживате во него со стопен путер и богат сладок овошен џем. Овде користиме џем од малини со многу семки!

СОВЕТ: Овој вид Француски леб сигурно можете да го најдете во секоја Француска пекара. Направете го дома и исполнете го домот со арома на свежо печен леб.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
Ростер