Вкусен ручек
Состојки
- 1 кеса (400 гр) златна мешавина
- 2 лажици доматно пире
- 1 главица кромид
- 500 гр мелено месо
- 1/2 шоља ориз
- 1 лажичка вегета ,сол,
- малку би ер и кари
Подготовка
Во тава ставаме зејтин и исецканиот кромид да се пропржат,се додаваат меленото месо и доматното пире и се зачинува,се динста десетина минути.Се додава златната мешавина се пропржува и се додава оризот.Малку се пропржува и се додава вода убаво да се покрие целата содржина во тавата.Релната се загрева на 220 степени.Кога ќе зоврие се префрла во тава за печење и се става во релна да се пече околу 30-40 минути.